This post is targeting Macedonian audience therefore will be written in Macedonia cirilic alfabet. Regarding the fact that there is a very few information written in my language about 7 summits and 14 – 8.000m list peak.
Суетата и престижот се присутни и во светот на планинарите иако тоа на прва рака изгледа многу чудно имајќи на ум дека се работи за луѓе кои се вљубени во природата. Но, човековата слабост и слободен пад се дел од севкупната природа така што нема ништо лошо во овие можеби не секогаш разбрани „карактеристики“.
Во светот постојат 14 врвови кои се повисоки од 8.000м и тие претставуваат најимпресивната листа на врвови кои еден планинар може да ги освои. Сите оние кои ги имаат освоено 14 – те врвови се сметаат за членови на најекслузивниот планинарски клуб во светот. Прв човек кој ја има заокружено 14 – ката е
Реинхолд Меснер легенда во светот на планинарењето. Меснер во 1986 го комплетира списокот освојувајќи го Лотсе. Списокот на оние малкумина по него го имате на овој
линк.
10 од овие врвови се наоѓаат на Хималаите, а останатите 4 се на Каракорам масивот кој иако е во близина технички не им припаќа на Хималаите. Листата на 14 врвови изгледа вака :

1. Монт Еверест – 8.848м
2. К2 – 8.611м
3. Канченчунга – 8.598м
4. Лотсе – 8.501м
5. Макалу – 8.481м
6. Чо Оју – 8.201м
7. Даулагири – 8.167м
8. Манаслу-8.163м
9. Нанга Парбат 8.125м
10. Анапурна 8.091м
11. Гашербрум 1 – 8.086м
12. Броад Peak – 8.047м
13. Гашербрум 2 – 8.035м
14. Xixabangma Feng – 8.027m
Се извинувам, но неможев соодветно да ги преведам 12 и 14 и ги ставив во латинична форма. Р. Македонија има досега две експедиции (можеби грешам) на овие 14 химајалци и тоа : 1986 година Јован Поповски ја води големата експедиција од 14 лица од поранешна СФРЈ на Манаслу 8.163м. Во оваа екседиција се наоѓа и ѕверот/легендата на македонскиот алпинизам Димитар Илиевски Мурато. Манаслу во 1986 сепак останува неосвоен.

Затоа пак во експедицијата од 1989 година водена повторно од Јован Поповски, Димитар – Мурато го освојува Монт Еверест, но за жал не се враќа во Македонија. За македонските големи експедиции во иднина ќе пишувам многу подетално, а ова може да биде само еден мал вовед.
Продолжувам со врвовите. Покрај фамозната 14 – ка, како втора најпожелна листа во светот на планинарите се смета онаа на 7 – врвови или попрецизно највисоките точки на сите седум континенти.
1. Монт Еверест – Азија – 8.484м
2. Аконкагва – Јужна Америка – 6.970м
3. Мек Кинли – Денали – Северна Америка – 6.194м
4. Килиманџаро – Африка – 5.892м
5. Елбрус – Европа – 5.633мќ
6. Винсон – Антартик – 4.897м
7. Пунчак Јала – Австралија-Океанија – 4.884м
Ова е официјалната листа на седумтте врвови усогласена после некои натегања од типот дали тука му е местото на Елбрус бидејќи како дел од Кавказ влегува во Европа само за стотина километри и слично.

Најтежок после Мотн Еверест е Винсон на Антартик поради далечината и ептен вечниот снег. Прв оваа листа ја има комплетирано Дик Бас во 1985 освојувајќи го Еверест. Од балканските простори
Стипе Божиќ од Хрватска ја има пополнето оваа листа и многу повеќе. Македонски експедиции покрај веќе спомнатите ги имаат освоено : Аконкагва 1994 година, Елбрус и Килиманџаро во поновата историја (повеќе во блиска иднина нели).
Листата со имиња на светски планинари кои ја имаат седумката под нивните нозе ја имате
тука.
Како за крај прашање. Каде е Македонија на овие листи ? Уффффф... тежок одговор и тешко прашање. Па ја нема баш многу драги мои, но тоа не значи дека така ќе остане. Треба да почнеме да развиваме стратегии, да се работи и многу – ужасно многу да се подготвуваме. Ако веќе ги немаме ѕверовите треба барем да ги создаваме или да почекаме да се родат.
Со почит